Промени тема
Контакт

Се работи на изведба на атмосферска канализација во кругот на ОСУ „Св. Климент Охридски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
363848572_751906886949328_3491937454443250436_n

Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација во кругот на ОСУ „Св. Климент Охридски“.

— реклама —

„Должината на трасата изнесува 342 метри, а се поставуваат цевки со ф од 160 до 315. Вкупниот изнес на зафатот изнесува 2 553 657 денари.

— реклама —

Екипи на ЈП „Водовод“ работат на поставување на хидрантска мрежа во ОСУ „Св. Климент Охридски“. Вредноста на овој зафат изнесува околу 2 400 000 денари. Гимназијата исто така ќе добие и нов приклучок на вода, што значи надминување на проблемите со водоснабдувањето. Вредноста на активностите за нов приклучок на вода изнесуваат околу 500 000 денари. Сите овие средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

После завршувањето на овој зафат, следува партерно уредување на училишниот двор. Со проектот за партерно уредување е опфатено изградба на ново мултифункионално игралиште, училници на отворено, ново осветлување, уредено дворно место. Вредноста на зафатот согласно проектот предвидено да изнесува околу 14 000 000 денари. Во завршна фаза е поставувањето на уредувањето на оградата.

— реклама —

Претходно во гимназијата како Локална самоуправа инвестиравме во промена на старите и дотраени санитарни јазли, набавивме нови клупи и столчиња, а во фаза сме на пред козерваторско одобрение за целосна внатрешна реконструкција на објектот. Согласно нашите пресметки очекуваме севкупните градежни активности да финишираат до крајот на 2024 година и со тоа Охрид да добие уште едно модерно и функционално училиште“, вели Пецаков.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања