Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Се раскараа Пановски и Арсовска - преку јавноста си делат лекции за домашно воспитување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
fasd

Караница изби помеѓу советникот д-р Никола Пановски и градоначалничката Данела Арсовска која го обвини дека лаже. Пановски ја обвини Арсовска дека цела година не доаѓа на седници:„Основно во животот е домашното воспитување, ако го немате се е џабе“. Таа му врати да ја научи првата лекција.

— реклама —

„Кога советникот Никола Пановски говори за домашно воспитание прва лекција која се учи дома е секогаш да се говори вистината и да не се лаже. Градоначалничката Данела Арсовска редовно и навремено е на терен и ги реализира сите проекти освен оние кои се блокирани од Советот каде дел е Пановски. Оние кои потфрлаат и не работат во интерес на граѓаните се советниците под контрола на Христијан Мицкоски кои за ситни политички поени и лични интереси прават се за да ја блокираат работата на градот. Пановски јавно треба најпрво да одговори колку пати тој лично се има појавено на седници на советот и на колку од нив останал до крај за да го заработи паушалот од 500 евра, колку амандмани поднел, колку решенија за проблемите на граѓаните предложил? Пановски треба да одговори дали гласал за проектите во интерес на граѓаните, дали кренал рака за програмите на локалните претпријатија, за нови улици, водоводи или пак бил дел од оние советници кои работат спротивно на интересот на граѓаните, советници кои се задолжени за блокада на градот? Пановски треба да си го постави прашањето по што ќе биде запомнет во неговиот советнички мандат? Дали единствено нешто по кое ќе биде запомнет ќе бидат неговите недолични и политикански Фејсбук статуси и интервјуа кои не доликуваат на еден универзитетски професор, бидејќи сигурно нема да биде запаметен по проектите кои ги поддржал во интерес на граѓаните. Веројатно нема назад од патот по кој тргнал професорот Пановски, а граѓаните ќе го запомнат неговиот советнички мандат како еден од најлошите во историјата на градот бидејќи самиот тој избра да биде слуга на политичките и лични интереси наместо на граѓаните на Град Скопје“, велат од Град Скопје.

— реклама —

Професор д-р Никола Пановски, кој е и советник во Град Скопје објави дека веќе цела година се одржуваат седници а на нив не се поставува ниту едно советничко прашање. Тој вели дека седниците иако се закажуваат однапред и за терминот прво ја прашуваат градоначалничката Данела Арсовска, таа воопшто не се појавувала на нив.

— реклама —

„Не е за верување, ама вистина е!

Седници на Совет, за советнички прашања.

Овој вид седници на Советот на Град Скопје редовно, веќе цела година се одржуваат, без на нив да се постави ниту едно советничко прашање!!! Овие седници според Закон се закажуваат еднаш на два месеци. Од кога пукна тиквата пред година и половина помеѓу Данела и оние кои до тогаш гинеа за неа, одржани се 7 седници кои одат по овој ресослед:

1. Претседателот на Советот со официјално писмо ја прашува градоначалничката во кој период од следниот месец би и одговарало да се одржи седницата, и нуди 15 датуми. По недела дена, нема одговор, па повторно и праќа писмо, и така едно четири пати, одговор нема!!!. Претседателот ја закажува седницата, на пример, денешнава ја закажа на 8.02.2024.

2. Службите на Советот за седницата ги повикуваат директорите на сите јавни претпријатија, јавни установи, средни училишта итн.во која пишува дека нивното присуство на седница за сов.прашања е задолжително.

3. Советниците и директорите доаѓаат редовно на седницата. Значи околу 100 лица ги напуштиле своите работни места, и еден (јас, единствениот пензионер) својот дом. Во 11.15ч. се отвора седницата и се усвојува дневниот ред со една точка: советнички прашања.

4. За збор се јавува координаторката на советничката група на ВМРО ДПМНЕ со став дека без присуство на градоначалничката нема да присуствуваат на седницата.

5. Претседателот дава пауза од 30 минути да се обезбеди нејзино присуство.

6. По паузата, претседателот констатира дека не е пронајдена градоначалничката.

7. За збор се јавува координаторката на сов.гр. на СДСМ и констатира дека и тие ќе ја напуштат седницата на која не е присутна Данела.

8. Претседателот заклучува дека нема услови за одржување на седницата, така да и ние дестмина, што би поставувале прашања и без присуство на градоначалничката, не сме во можност, нема кворум.

9. Сите стотина лица ја напуштаат салата.

Ова се повторува на секој два месеци идентично и трае повеќе од една година.

Оваа малоумност веќе помина во традиција која изгледа ќе трае до крајот на мандатот.

Основно во животот е домашното воспитување, ако го немате се е џабе, односно крајно штетно ако такво лице се најде на одговорна позиција“ напиша Пановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања