„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се разбудил по операцијата, но има проблеми со говорот: Српскиот министер Дарко Глишиќ во критична состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
minister-srbija

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по сложената операција што ја претрпе по мозочниот удар, но и натаму се наоѓа во критична состојба, соопштија српските здравствени власти. Тој е свесен, но има сериозни проблеми со говорот.

— реклама —

Глишиќ доживеа мозочен удар во текот на вчерашното утринско гостување во живо на ТВ Пинк. По итна интервенција во Клиничкиот центар на Србија, министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека првите 24 часа се клучни за неговото закрепнување.

„Интервенцијата траеше подолго од планираното, но успешно го решивме најголемиот проблем – блокадата на крвниот сад што води кон мозокот, поточно до говорниот центар. Истовремено имаше тромб и крварење, што дополнително ја усложни состојбата. Сега е на респиратор, на одделението за интензивна нега, каде што продолжува борбата за неговиот живот“, изјави Лончар.

— реклама —

Тој нагласи дека се работело за исклучително комплексна процедура во која биле вклучени неколку медицински тимови. Дополнително, кај пациентот биле забележани и други проширени крвни садови со присуство на тромбна маса која исто така предизвикала крварење.

„Причината за мозочниот удар е елиминирана, но телото сега треба да се избори со последиците. Не даваме прогнози – секој час е борба“, додаде Лончар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања