Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Се „разврзаа“ јазиците: Венециската комисија ги испокара сите испокарани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
veneciska-komisija

Венециската комисија наеднаш се претвори во нов полигон за пресметка меѓу главните политички субјекти. И внатре во владејачката коалиција меѓу владините стожери СДСМ и ДУИ (можеби помалку очекувано), но и крајно очекувано меѓу власта и опозицијата, чиј раководител на правната партиска комисија, професорката Тања Каракамишева е член на ова советодавно тело на Советот на Европа кое се занимава со уставни прашања, изборни и воопшто со дејствување на демократските институции.

Политичките надмудрувања околу Законот за јазиците (дали делумно или целосно бил испратен до Венециската комисија), на површина ја изнесоа нетрпеливоста во, навидум, совршениот брак меѓу СДСМ и ДУИ. Покрај тоа, и тврдењето на Каракамишева дека добила информација од генералниот секретар на Венециската комисија, Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата, владин притисок од каков било вид врз национален претставник не е дозволен, беа причина вчера да стигне одговор од високите институции на ЕУ и од самата Венециска комисија.

— реклама —

Венециската комисија испрати писмо до кабинетите на премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Од Владата потврдуваат  дека е доставено писмо (без да ја објават содржината), но тврдат дека има само објаснување на постапките за гласање.

Повеќе на Независен.мк

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања