Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Се реализира првата фаза на поставување на приклучоци од вакуум канализација во Јурумлери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
IMG_0751

Се реализира првата фаза на поставување на приклучоци од вакуум станицата во Јурумлери кон улица 2. Со оваа вакуум станица се поврзува со главниот цевковод, од каде што почнува со ширење на канализационата мрежа кон домаќинствата. Во моментов се вршат ископи и поврзување на улица два, во склоп на првата фаза, а во останатите фази ќе се работи на  поставување на приклучоците кон останатите два краци. Кога ќе биде завршена целосно една линија, веднаш ќе се пристапува кон нејзино целосно асфалтирање.

Претходно, беше извршено прекопувањето на каналите. Целта е секое домаќинство да добие пристап до подземните канализациони инсталации и шахти. Подготвителната фаза за имплементација на вакуум прочистителна станицата во Јурумлери, која ќе биде прва во земјава, се реализира со средства на општината.

— реклама —

— реклама —

Со изградбата на вакуум канализациската мрежа во Јурумлери, се решава повеќе деценискиот проблем на жителите од ова населено место кои сега добиваат нормални услови за живеење, а септичките јами стануваат минато.

— реклама —

Целосната реализација на овој проект се очекува да биде завршен за максимум 2 години.

Општина Гази Баба апелира до жителите на Јурумлери да се придржуваат до сообраќајните правила со цел побрза и поефикасна изведба на градежните активности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања