Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Се реконструира улицата „23 Октомври“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
IMG_3602

Општина Аеродром денеска заедно со Градот Скопје го почна заедничкиот проект за обнова на дел од улицата „23 Октомври“ (поранешна „Владимир Комаров“).

— реклама —

„Реконструкцијата на оваа сообраќајница е многу важна за да им се подобрат условите за живот на граѓаните, бидејќи таа е една од пофреквентните улици во нашата општина“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин.

— реклама —

Од друга страна, како што додаде тој, можеме да се пофалиме дека и Општина Аеродром сама, со сопствени средства, интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Освен што редовно ги санираме оштетените улици и ударни дупки на целата територија на општината во изминатиот период изградивме и нови улици. Меѓу нив се улиците:

  • „Новопроектирана 8“ што ги поврзува Мичурин и Стар Аеродром
  • „Новопроектирана 3“ кај висококатниците
  • повеќе улици во населба Лисиче, меѓу кои „Илија Димовски“
  • неколку пристапни улици на булевар „Трета македонска бригада“
  • улиците „Тодор Чангов 20“ и „Ѓорги Капчев9“ во Горно Лисиче
  • улица „4“ во Долно Лисиче
  • а во моментов привршува и изградбата на 4 пристапни улици на „Пандил Шишков“ во Стар Аеродром

Градоначалниот Марин на граѓаните им порача дека тука нема да застанеме, туку ќе продолжимеи натаму со нови проекти за подобри сообраќајници во Аеродром.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања