Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Се реконструираат патеките во „Градски парк”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, денеска извршија увид и обиколка на реконструкцијата на патеките во Градскиот парк, каде изведувачките активности се во тек и според предвиденото веќе се завршени поголем дел од патеките.

„Интензивно се реконструираат патеките во Градскиот парк. Од почетокот на реконструкцијата до денеска вградена е нова асфалтна маса од 750 тони, а реконструирани се над 5.000 квадратни метри патеки во западниот дел од паркот“, истакна директорот на ЈП „Улици и патишта“.

— реклама —
— реклама —

Екипите на Градот Скопје и Јавното претпријатие „Улици и патишта“ продолжуваат со активности за одржување на постојната инфраструктура, реконструкција на пешачките патеки во Градскиот парк се врши во фази и на површина од 9.000 квадратни метри.

— реклама —

Веќе најголем дел од патеките се целосно реконструирани и асфалтирани, а граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација во текот на пролетните денови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања