Во Делчево од утрово екипи на „Македонија пат“ ги санираат штетите на магистралата А3 кај месноста Црквенска Река.
На терен е директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, кој информираше дека во текот на денешниот ден штетата ќе биде санирана, а најдоцна до понеделник патот ќе биде пуштен во употреба.
Сообраќајот кон Делчево се пренасочува преку патниот правец Берово – Смојмирово – Виница.
Информацијата ја соопштија од АМСМ, а ја потврдија од подружницата на „Македонија Пат“, од каде велат дека забраната за движење на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани е за сите возила.