Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Се скараа Муцунски и Левица: Политичката партија која граѓаните ја препознаваат само по скандалите повторно пласира неточни информации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
mucunski28032023

„Дежурните лиферувачи на лажни информации повторно ја манипулираат јавноста, Информациите дека ДУП-от во Лисиче предвидува изградба на згради на државно и земјоделско земјиште се целосно неточни“, велат од Општина Аеродром.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

Дежурните лиферувачи на лажните вести и политичката партија која граѓаните ја препознаваат само по скандалите, дезинформациите и сензионационализмот, денес повторно во јавноста пласира неточни информации. Политичкиот субјект, кои од формирањето, па се до денес, својот политички ПР го гради врз основа на шпекулации и лажни вести уште еднаш се обидува во јавноста да презентира целосно неточна слика за состојбите во населбата Лисиче и Аеродром.

— реклама —

Општина Аеродром во целост ги демантира невистините изнесени во денешното соопштение на „Левица“. Веста објавена од страна на „Левица“, а поврзана со деталниот урбанистички план во Лисиче е целосно неточна. Имено, конкретниот детален урбанистички план е направен, во согласност со барањата и потребите на граѓаните од Лисиче. Информациите дека деталниот урбанистички план во Лисиче, предвидува изградба на згради на парцели кои се во државна сопственост и земјоделско земјиште се целосна дезинформации кои не кореспондираат со реалната состојба на терен.

Со денешната објава „Левица“ само уште еднаш ја потврдуваа својата несериозност и леснотијата со која тие пишуваат и споделуваат непроверени со кои уште еднаш и по којзнае пат кои ги доведуваат во прашања својот кадровски потенцијал, но и кредибилноста, релевантноста и сериозноста кои треба да го има секој политички субјекти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања