Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Се слави Митровден, еден од најважните празници во зима: означува почеток на студеното време

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
download-1

Православните христијани на 8-ми ноември го слават празникот Свети Димитриј, еден од најважните празници во зимскиот период, за кој се врзуваат голем број народни верувања и легенди. Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време-зимата.

Се верува дека Свети Димитриј бил роден во градот Солун од благородни и благочестиви родители, кои долго време биле бездетни. Тој бил син единец, заради што бил одгледуван со големо внимание и воспитуван.

— реклама —

Неговиот татко бил солунски војвода, па по неговата смрт Димитриј ја преземал неговата титула и добил наредба да ги прогонува христијаните од Солун.

— реклама —

Но, Димитриј не само што не го послушал царот Максимилијан, туку јавно го проповедал христовото учење во Солун.

— реклама —

Откако светецот јавно признал дека е христијанин, тој бил погубен од страна на царските војници, со копје, додека се молел, но пред својата смрт Димитриј го поделил целиот свој имот на сиромашните.

Се верува дека од неговото тело истекло исцелително миро од кое многумина болни се излекувале, а над неговите мошти била подигната мала црквичка. Свети Димитриј и до ден денес се верува дека е заштитиник на градот Солун.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања