Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Се слушнаа дронови, па експлозии“: Пожар избувна на најголемиот терминал за гас во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-01-21-at-09.35.19

Пожар избувна денеска на терминалот на најголемиот руски производител на течен гас Новатек во Балтичкото Море, во кој нема жртви, соопшти гувернерот на Ленинградската област.

— реклама —

„Нема жртви како резултат на пожарот на терминалот Новатек во пристаништето Уст-Луга. Вработените се евакуирани“, напиша гувернерот Александар Дрозденко на Телеграм, пренесува ТАСС.

— реклама —

Тој не кажа што го предизвикало пожарот во пристаништето Уст-Луга, во Финскиот залив, на околу 170 километри западно од Санкт Петербург и 35 километри од руската граница со Естонија. Во исто време, Ројтерс јавува дека на социјалните мрежи кружат информации за дронови видени во близина непосредно пред пожарот.

Агенцијата наведува дека рускиот медиум Шот на Телеграм објавил дека жителите на областа слушнале дрон, а потоа и неколку експлозии, а петербуршкиот медиум Фонтанка тврди дека најмалку два дрона биле забележани на небото во близина на Санкт Петербург претходно оганот.

Веб-страницата Maritime Traffic претходно објави дека до пет танкери кои пловеле под знамињата на Панама, Габон, Либерија и Грција биле закотвени во близина на Уст-Луга.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања