Пожарот што денеска избувна во општина Желино и се ширеше кон селото Еребино е ставен под контрола, а постои реална можност до крајот на денот целосно да биде локализиран, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Пожарот е смирен, а ер тракторите на ДЗС продолжуваат со дејствување“, изјави Ангелов.
Акцијата на гаснење вклучуваше армија, противпожарни екипи, воздухопловна поддршка и теренски сили, откако огнената стихија зафати поголема површина со сува вегетација и шума. Надлежните остануваат на терен до целосно стабилизирање на состојбата.