Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Се собираат средства за лекување на штипјанец од КОВИД 19, во државните болници нема место, на приватно е многу скапо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sredstva-za-lekuvanje

Од вчера низ Штип се поставени пунктови за собирање на парични средства за лекување од Ковид-19 на 54 годишниот штипјанец Ристе Донев.

Донев шест дена се лекувал во штипската болница, но откако здравствената состојба значително му се влошила, требало да биде хоспитализиран во Скопје. И дебелите врски кое ги фатило семејството не дале резултат. Единствено решение за да го спасат, им било да го хоспитализираат во приватна клиника.

— реклама —
— реклама —

„За лекуваање на државно, пробавме секаде, па дури и преку министерот Филипче. Единствено место имаше во Козле, меѓутоа таму ми рекоа дека е за полесни пациенти и ништо не успеавме да направиме на државно и покренавме иницијатива за хоспитализирање во приватна клиника„ изјави неговиот син Михаило Донев за Алфа ТВ.

— реклама —

Донев и неговата сопруга се текстилни работници. За лекување се потребни над 12.000 евра, но само за првите десет дена. Семејството нема доволно средства , па затоа неговиот син на социјалните мрежи упати апел до сите хумани луѓе да им помогнат во оваа тешка битка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања