Се соблекол гол и викал „УЧК“ на летот Брисел - Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
SmartSelect_20221101_163149_Chrome-696x254-1

Патник се соблекол гол до појас, викал „УЧК“ и агресивно ги вознемирувал патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје. Полицијата го приведе веднаш по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12.30 часот, објави СДК.мк

— реклама —

„Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот“, ни изјавија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

— реклама —

Според патници на летот, мажот со крупна конституција кој изгледал дека најверојатно е пијан или под дејсто на дрога, почнал многу гласно да вика околу половина час пред да почне постапката за слетување. Тој прво го вознемирувал патникот на седиштето пред него, па човекот морал да се премести понапред во авионот. И покрај опомените од кабинскиот персонал, мажот продолжил да вика. Кога стјуардесата го најавила слетувањето и побарала патниците да останат врзани на своите места, тој станал и почнал да оди низ авионот при што се соблекол гол до појас. Тогаш патниците видно се вознемириле, а децата почнале да плачат. Стјуардесата преку разглас ги повикала да бидат смирени, а мажот продолжил да оди низ авионот и кога дошол во задниот дел, почнал да удира по седиштата и конечно седнал.

— реклама —

Полицијата го приведе во авионот веднаш по слетувањето.

Читај повеќе на СДК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања