Висечкиот мост на реката Тарн во Мирепоикс-сур-Тарн, северо-источно од Тулуз се урна утрово при што загина 15-годишно момче, седуммина се поврдени, а неколку лица се водат како исчезнати, јави дописникот на МИА.
Според информациите, во инцидентот кој се случил меѓу 8 и 8,30 часот утрото по локално врме, загинало 15-годишно девојче, а сѐ уште се трага по неутврден број лица. Нејзината мајка и уште три други лица успеале да испливаат до брегот.
Според очевидци, автомобил кој минувал по мостот во моментот на уривањето паднал во реката, а подоцна исто така паднало и комунално возило. „По два часа залудна потрага, билансот останува непроменет“, изјавил за весникот член на спасувачкиот тим на местото на несреќата. Истакнал дека е песимист и стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми.
Во извештајот на противпожарната служба на департманот Горна Гарона објавен на Twitter се наведува дека „околу 80 пожарникари и спасувачи работат на местото на инцидентот“.
Според информациите на La Dépêche du Midi добиени од очевидци, само неколку моменти пред трагедијата полн училишен автобус минал преку мостото.
Локалните власти, како една од причините за колапсот на мостот наведуваат дека камионот можеби ја надминувал дозволенат маса на возилата за минување по мостот, која е ограничена на 19 тони по возило.