„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Се ставаат во мирување сите рокови и отворени повици и од Националната и од ИПАРД програмата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
09042020_VRSM_39-ta_sednica

Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со која се ставаат во мирување сите рокови и отворени повици и за Националните и за ИПАРД 2 Програмата, соопштија на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) Николче Бабовски.

— реклама —

Целта на донесувањето на Уредбата, е поради тековната вонредна состојба поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19, а со цел да се излезе во пресрет на сите корисници на финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Овој период, искористете го за подготовка на квалитетни проекти и за производство на домашна храна, а по вонредната состојба, сите заедно да го завршиме и административниот дел, кој сега го ставаме во мирување. Ве охрабрувам сите, во овој период да продолжиме со домашно производство на земјоделски производи и нивни преработки, затоа што само така, можеме заеднички да се справиме со секој предизвик и да овозможиме развој“, изјави министерот Димковски.

— реклама —

Согласно донесената Уредба, престануваат да течат и роковите за доставување на барања за финансиска поддршка и по ИПАРД 2 и по Националните програми за време на вонредната состојба, истите ќе продолжат по престанокот на вонредната состојба. Со носењето на оваа Уредба, престанува да тече процесот за поднесување на барањата и за Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата.

Огласот требаше да биде отворен до 29 - ти април, но, тој рок сега е вон сила. Новиот рок за поднесување на барањата ќе биде дополнително соопштен а истиот ќе зависи од тоа кога би биле тргнати вонредните мерки кои ги носи Владата на РСМ.

Директорот на АФПЗРР, Бабовски, појасни дека со ова се дава можност на заинтересираните физички и правни лица кои сакаат да аплицираат а заради вонредната состојба со „КОВИД - 19“ не се во можност да ја приберат потребната документација да можат откако ќе се нормализира целата состојба да ги приберат потребните документи и да ги достават до АФПЗРР до рокот кој ќе биде определен дополнително.

„Преку овие сет на мерки обезбедуваме намалување на штетните последици кои би ги имале странките во постапката со губење на одредени права на финансиска поддршка поради неисполнување  на законските рокови за набавка на опремата за која склучиле договори а заради вонредната ситуација и не по нивна вина не се во можност навреме да ги достават документите, или да ги завршат проектите за кои потпишале договори. На овој начин, сакаме да ве растеретиме од бркање на рокови и создавање на дополнителен притисок“, рече директорот Бабовски.

Апликантите кои претходно имаат склучено договори со АФПЗРР, за реализација на инвестиции ќе добијат продолжување на роковите кои ќе почнат да течат по завршување на вонредната состојба.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања