Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Сé што кажа Мицкоски излезе обратно, барањето за референдум е фарса, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Mickoski-16042022

Сите лаги на антиевропската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ потонаа, вели СДСМ.

„Нема бугаризација и асимилација, туку почеток на преговори за членство во Европската унија, со заштитен македонски идентитет, со чист македонски јазик.

— реклама —

Европската Унија нѐ прифаќа како Македонци кои говорат македонски јазик со безусловно почитување на достоинството и посебноста на македонскиот народ и неговите, идентитетски, историски и културни особености. За ова ниту се преговара, ниту ќе се преговара.

Мицкоски умееше да ги заплашува граѓаните и со федерализација и кантонизација, дека ќе плаќаат казни ако не научат албански јазик, дека на сто илјади беглаци ќе им се дадат државјанства и со што уште не.

— реклама —

Сé што кажа Мицкоски излезе обратно.

Сега кога државата, по 17 години чекање ги започна преговорите за членство во Европската унија, Христијан Мицкоски бара референдум против заклучоците на Собранието, усвоени со 68 гласа „за“ и ниту еден против, бидејќи пратениците на Мицкоски не смогнаа сили ниту достоинство да гласаат „против“ во македонското Собрание, туку побегнаа.

Добро е познат односнот кон референдуми на ВМРО-ДПМНЕ. Бараа референдум и за Договорот од Преспа, па го бојкотираа. Собираа потписи за референдум против пописот па на крајот се откажаа и од тоа.

— реклама —

Последното барање на Мицкоски за референдум против заклучоците на Собранието против чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ, не е ништо друго освен негова фарса наменета исклучиво за негови внатрепартиски потреби.

Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев останаа изолирани на погрешната страна на историјата, против Европската унија, против стратешките определби на земјата и граѓаните.

— реклама —

Нивната антиевропска коалиција се обиде не само да ги блокира евроинтеграциите, туку и да ја дестабилизира државата со насилни протести и крвави сценарија.

СДСМ, заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи. Референдум против македонски јазик во ЕУ нема да поддржиме“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања