Се судрија „Пасат“ и камионче „Там“, еден тешко, а тројца полесно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
brza-pomos

На 05.01.2020 околу 09.40 часот на  регионалниот пат Куманово -Св.Николе, во атар на с.Градиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(20) од с.Ранковце, кривопаланечко и товарно возило „там“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од И.А.(37) од с.Долно Ѓуѓанце, светиниколско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.М. и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобил возачот И.А. и сопатниците во патничкото возило Т.Љ. и Љ.А., кои, исто така, биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

— реклама —

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања