Регионалниот ЦУК Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне.
Лицето не е пронајдено и е непознато. Настанот се случил кога лицето било качено на педалинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста - до 1м длабочина.
Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаоѓање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.