Се укинуваат контролните тестови за позитивните на Ковид – 19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-njemacka

Се укинуваат контролните тестови за лица кои се позитивни на ковид-19, по десет дена асимптоматските случаи кои се позитивни на коронавирусот автоматски ќе излегуваат од изолација, а лицата со симптоми после 20 дена, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.

— реклама —

– Овој нов протокол се темели на опсежни анализи на МАНУ, препораките на СЗО и на Европскиот центар за превенција на болести. МАНУ анализираше повеќе од 10 илјади тестирања. Утврдено е дека кај пациенти позитивни на ковид-19, независно од резултатот на контролното тестирање, не е присутен вирус кој е доволно силен за да може да предизвика зараза, после 10 дена кај асимптоматските, а после 20 дена кај оние што имаат симптоми. Оттаму, после овој период, пациентите ќе бидат ослободени од изолација без контролни тестирања – рече Филипче.

Претходно, лицата кои се позитивни на коронавирусот, излегуваа од изолација по два негативни теста.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања