Промени тема
Контакт

Се уредува пешачката зона долж кејот на Вардар од Лисиче до Влае

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library2jah007nuv35fhCr5OQ

Во тек е голема акција за уредување на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

Како што посочува Ѓорѓиевски, се заменуваат оштетените и уништени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата, со цел просторот да биде побезбеден и пофункционален за граѓаните.

Кејот е едно од најпосетените места во Скопје, каде граѓаните спортуваат, се рекреираат и го поминуваат слободното време со своите семејства.

— реклама —

Ѓорѓиевски потсетува дека од почетокот на неговиот мандат се реализираат активности за уредување на кејот, меѓу кои изградба на нови спортски терени и поставување урбана опрема. Во тек е и акција за темелно расчистување на коритото на Вардар на територијата на Скопје.

— реклама —

„Кејот е пулсот на Скопје, место на кое градот дише, а скопјани ги создаваат своите најубави спомени“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека просторот ќе продолжи да се уредува и развива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања