Се утврдуваат причините за смртта на македонскиот нуркач во Хрватска. Телото на 40-годишниот македонски нуркач кој вчера почина на Јадранското море е на обдукција во хрватскиот град Сплит.
Вера претпладне му се слошило и останал без свест. Го извлекле на копно и имало обид за реанимација. Лекарите од Итната помош на островот се обиделе да му помогнат, но нуркачот веќе бил починат. Починал во близина на малото островче Равник. Нуркачот е скопјанец кој со ова хоби се занимавал повеќе од 20 години. По, обдукцијата се очекува телото да биде предадено на семејството. Пред една деценија на истото место во Хрватска имало сличен случај и починал нуркач.