„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се влече случајот за Лидија Димова - рочиштата постојано се одложуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
lidija-dimova

Речиси две ипол години и се суди на Лидија Димова, ексдиректорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Постапката ја одолговлекуваат низа одложени рочишта, а од јули минатата година, до март годинава – не се одржаа пет главни расправи. Секогаш, причините се различни. Некогаш поради болест на обвинетата, другпат поради барања за нови вештачења, но и поради барање на обвинителката. Минатата година, двапати постапката почнуваше од почеток поради истек на 90 дена, па доказите се изведуваат одново со читање.

— реклама —

Спроед календарот за рочишта, судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, закажува судења по еднаш месечно. Од октомври до декември – сите пропаднаа, бидејќи се чекаше новото вештачење, кое го побара обвинителката. Откако стигна во декември, може да се увиди дека вештакот Урош Ташев констатирал дека Агенцијата која ја предводела Димова е оштетена за 23.668.947 денари. Но и по ова, рочиштата се одлагаат.

Од јануари до март, се одложени три рочишта. Првото требаше да се одржи на 17 јануари, кога Димова бараше да се изработи супер вештачење. Ново рочиште имаше на 21 февруари, но и тоа не се одржа – овој пат поради болест на вештакот. Рочиште требаше да се одржи и денеска, но судот донесе одлука да се одложи овојпат по барање на обвинителката.

— реклама —

На следното рочиште, судијката ќе треба да се изјасни дали ќе дозволи да се изработи супервештачење по барање на Лидија Димова.

Екс- директорката се гони направена штета од 20 милиони денари со злоупотреби на средства на европската заедница. Второобвинет беше  Александар Гочев за подигнување на авансни пари од Агенцијата без соодветна документација кој призна вина и ги врати парите, како и благајничката Ана Павлиду која му ги давала парите, а не смеела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања