Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Се возел со југо и продавал хероин, Обвинителството со истрага каде се низ Македонија се раздавала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
heroin

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Стојаково, Општина Богданци, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Осомничениот, на 6 октомври во утринските часови, на предното совозачко седиште во неговиот автомобил „Застава Југо“ пренесувал 20,24 грама наркотична дрога – хероин во две полиетиленски пакувања, како и 19,72 грама мешавина од кофеин и парацетамол кои се користат како додаток за зголемување на количината на дрогата. При преглед на возилото на локалниот пат од Стојаково кон Богданци, полициските службеници ја пронашле дрогата и ја одзеле.

— реклама —
— реклама —

Основното јавно обвинителство Гевгелија до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека осомничениот може да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото. Судијата ги прифати аргументите на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена. ​​

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања