Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Се враќа евтината тарифа на струјата и нема поскапување на цената, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
struja-4

Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки со кои се надминаа сите последици од светската енергетска криза, вели СДСМ.

— реклама —

„За само помалку од една и пол година, имаме рекордно зголемување на енергетските капацитети од обновливи извори, што придонесе за рекордно домашно производство на електрична енергија и зголемен извоз.

Благодарение на тоа, создадени се сите услови за повторно враќање на дневната евтина тарифа на електричната енергија.

— реклама —

Од први декември оваа година, домаќинствата секој ден од 13 до 15 часот ќе можат да користат евтина тарифа на струјата.

— реклама —

Од следниот месец, цената на електричната енергија за домаќинствата од првиот и вториот блок се намалува за 7,04, односно за 4,09 отсто, што значи дека и покрај враќањето на ДДВ за електрична енергија на 18 отсто, крајната цена за домаќинствата нема да се зголеми.

Со тоа, повторно паѓаат во вода шпекулациите на ДПМНЕ дека нашите сограѓани ќе плаќаат најскапа електрична енергија во регионот и дека се можни рестрикции во снабдувањето.

— реклама —

СДСМ како одговорна партија продолжува да презема мерки и политики што ја зајакнуваат енергетската независност и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања