Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Се враќа струјата во Црна Гора

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
ukraina-struja

Речиси целото подрачје на Црна Гора остана без струја 40 минути, по што почна постепеното вклучување, пишува црногорскиот весник Побједа. Сепак, струја се уште нема во Далмација, БиХ и Албанија.

— реклама —

Во краткото соопштение за медиумите на Црногорскиот електродистрибутивен систем (ЦЕДИС) се наведува дека проблемот бил прекин на црногорската електродистрибутивна мрежа.

— реклама —

Како што дознава Televizija Vijesti, меѓу градовите во Црна Гора цело време струја имале само Плевља и Жабљак.

Во исто време цела Босна и Херцеговина остана без струја, пренесува Дневни аваз. Во Сараево е особено хаотично, пишува весникот, каде од мрежата е исклучен целиот систем за сообраќајна сигнализација. Струја нема во Тузла, Брчко, Бања Лука, Мостар, Зеница, Јајце.

— реклама —

Танјуг, пак, јавува дека струја нема ниту во добар дел од Албанија, односно во градовите Тирана, Драч, Елбасан, Ѓирокастро, Скадар. Според првите информации причина е дефект на високонапонските водови.

Како што неофицијално дознава Хина од хрватскиот преносен систем, дошло до дефект на електричната мрежа низ три земји - прво почнало во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил Босна и Херцеговина, а потоа дел од Хрватска - цела Далмација, сите пат до Риека, наводно до трафостаница Бриње.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

cAnk9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTTJZN01EQV8vYTAwYzk0NDIzNWY4ZGE3MDFhNTgyMDU3ZTExNWYyM2MuanBnkZMCzQLkAIGhMAE

Нови правила за влез во Црна Гора од 1 ноември: Еве што треба да знаат македонските граѓани

Свет | пред 2 дена

— реклама —
crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора може до крајот на годината да ги отвори сите преговарачки поглавја со ЕУ

Балкан | пред 1 седмица

crna-gora-eu-1-750x430-1

Црна Гора најавува напредок во решавањето на спорните прашања со Хрватска

Свет | пред 1 седмица

crna-gora-eu-1-750x430-1

Хрватска бара исполнување на осум услови од Црна Гора, ЕУ ја изостави временската цел за преговорите

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања