Зоран Аврамовиќ, 49-годишен маж од Јаребица кај Лозница загина во експлозијата на гас на бензинска пумпа која се случи вчера на бензинската пумпа „Нешковиќ“, недалеку од граничниот премин „Трбушница“ меѓу Србија и БиХ. Аврамовиќ се вратил печалба од Словачка за во родното село да ги помине празниците со најблиските, но наместо тоа загинал. .
За судбината на Аврамовиќ раскажува роднина на загинатиот 49 годишен Аврамовиќ.
- Зоран го преминал мостот кај Шепка за да наполни гориво и го стори тоа на првата бензинска пумпа веднаш штом го премина граничниот премин од босанската страна. Наместо да се врати назад, виде нешто како чади и се упати кон друга пумпа. Луѓето бегаа од тој правец, а тој дојде да види што е, можеби мислеше дека може да помогне, кој знае. Воглавно тој излегол од автомобилот и се прошетал нешто повеќе од дваесет метри кога се случила експлозијата. Да останеше да седи во својата кола немаше да му се случи ништо, само стаклото на автомобилот ќе му пукнеше, ништо повеќе. Тој беше кај мене вчеравчера, кој можеше да претпостави што ќе се случи. Судбина, каква ли и да е, оди во Босна за гориво и не се враќа дома. Страшно, еден таков млад човек замина - раскажува чичко на трагично настраданиот Аврамовиќ.
фото: Архива