Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата, вели Филипче за заемот од Обединетото кралство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

filipce-51

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека Владата не смее да се задолжи кај Обвинетото кралство, без да и соопшти детали на јавноста. Тој посочи дека задолжувањето од 6 милијарди евра се сума на пари поголема од нашиот буџет.

— реклама —

„Сметам дека јавноста за жал, ниту политичките субјекти, за ваков договор за заем, немаат доволно детали. Сметам дека Владата треба да излезе со детали, бидејќи ваква рамка, за волкав заем, немаме потпишано со ниту една институција, ниту една Влада. Станува збор за огромни суми на пари, камати кои не знаеме колкави се, а ќе ги враќаат неколку генерации“, рече Филипче.

— реклама —

За договорот за стратешко парнтерство со Обединетото кралство, праша, дали Владата се согласила во иднина да се разговара за во Македонија да се сместуваат мигранти. Притоа, посочи дека договорот за стратешко партнерство има поддршка од СДСМ.

— реклама —

„На 'ABC news' имаше информација дека откако Албанија одбила, лидерите на Косово, Северна Македонија кажале дека не се согласуваат за кампови за мигранти, но се отворени за тоа да се разговара. Упатувам прашање, дали се спремни со Велика Британија да разговараат за сместување имигранти во нашата земја?“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања