На 21.06.2022 во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека настанал пожар во хотел на бул.„Маршал Тито“ во Неготино. Од екипи на Територијалните противпожарни единици Неготино и Кавадарци пожарот бил изгаснат. Притоа со повреди се здобиле С.Т.(41) од Неготино и двајца пожарникари од Неготино и сите биле задржани на лекување во ЈЗУ Здравствен дом - Неготино. Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.
Се запали хотел во Неготино, двајца пожарникари завршија во болница
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија