Се запленува имот на Мијалков во „Империја“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Во рамките на истражната постапка во предметот „Империја“ предметниот обвинител во текот на вчерашниот и денешниот ден ценејќи дека се исполнети законските претпоставки од чл.202 ст.1 од ЗКП, за привремено одземање на имотот, до Основниот кривичен суд Скопје достави шест барања за определување на привремена мерка забрана за оттуѓување и располагање со недвижен имот. Барањата се како резултат на постоење на основано сомневање дека имотот потекнува од кривично дело и дека до крајот на кривичната постапка ќе биде особено отежнато или оневозможено неговото одземање. Дотолку повеќе што од прибраниот доказен материјал произлегува дека предложениот имот е имот што е пренесен на трети лица за да се прикрие неговиот вистински сопственик.

— реклама —

Така, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е определена мерка забрана за оттуѓување и располагање со:

— реклама —

– удел на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје што го поседува во правното лице Хотел Гранд М ДООЕЛ Скопје

— реклама —

– удел на физичко лице од 67,5% што го поседува во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје

– удел – основачки влог од 32,5% што го поседува правното лице – Друштвото за градежништво, трговија и услуги БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје;

– недвижен имот евидентиран на правното лице – Друштво за трговија и услуги БИЗНИС ПРОПЕРТИ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во вредност од 58.282.500,00 денари согласно книговодствената вредност и тоа апартмани со вкупна површина од 720 м2 и гаражи со вкупна површина од 92 м2.

– хартии од вредност (7213 акции) што правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје, ги поседува во Стопанска Банка А.Д. Битола по номинална вредност од 3.000,00 денари по акција или во вкупна вредност од 21.639.000,00 денари и

– недвижниот имот – деловен простор во градба лоциран на Плоштад Македонија и евидентиран во лист за предбележување издаден на носителот на правото на сопственост Друштво за производство, трговија и услуги СИС ИНВЕСТ ГРУП ДООЕЛ Скопје во површина од 566,41 м2 во вредност од 1.699.241 евра.

Судијата на претходна постапка ги прифати барањата и со Решение определи привремени мерки со кои се забранува располагање, заложување и оттуѓување на имотот по каков било правен основ. Привремените мерки согласно закон може да траат најдолго до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд или да бидат укинати по службена должност.

Привремените мерки стапија во сила веднаш и заплената на имотот е прибележана во Централниот регистар на РС Македонија и Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности Скопје.

Запленувањето не е конечно.

Categories

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања