Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Се заплеткува ли повеќе проблемот со набавката на софтвер од страна на Рашковки -Тој лично развил софтвер за сообраќајни казни пред да го купи како генерален секретар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dragi-raskovski

Набавката за која Владата платила 81 илјада евра, а осум месеци седи неискористена, носи назив „Софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни“, додека Рашковски има патент од 2018 година со речиси исто име: „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот, определување на просечна брзина и изрекување на казни“, објави 360stepeni.mk. 

— реклама —

„За оние што читаат само наслови, многу работи се исти“, одговори Рашковски со СМС-порака за 360stepeni.mk.  прашан да ја коментира коинциденцијата.

Драги Рашковски е автор на „Систем и уреди за контрола на брзината на возилата во сообраќајот, определување на просечна брзина и изрекување на казни” уште од 2017 година, објавил самиот во својата лична биографија, која е достапна на интернет. Случајно или не, системот за кој „360 степени“ извести дека го набавил Рашковски во 2020 година како генерален секретар на Владата, а осум месеци не се употребува од ниедна институција, има речиси исто име: „Софтвер за определување просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни“. За оваа набавка Владата ѝ платила околу 81 илјада евра на фирмата „Инвока гроуп“.

— реклама —

Антикорупциска отвора предмет, премиерот собира информации за случајот.

Од Државната комисија за спречување на корупција вчера најавија дека ќе ја истражуваат набавката на софтверот за изрекување казни за сообраќајни прекршоци, кој лани го купил Генералниот секретаријат на Владата.

„Ќе отвориме предмет по сопствена иницијатива, по допрен глас од медиумите за набавката на Генералниот секретаријат кој купил софтвер за потреби на друга институција, а таа институција не го користи. Тоа се доволно елементи да го отвориме предметот, па ќе видиме што понатаму“, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска за  360stepeni.mk. 

Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања