Се зголемува безбедноста во сообраќајот во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
45657533_2153673621565585_2172158522878328832_o

Денеска се реализираше сообраќајно-воспитната акција „Поддржуваме безбедна иднина“ пред трговскиот центар „Капитол мол“ во Општина Аеродром.

— реклама —

Оваа акција е дел од едукативните проекти од областа на сообраќајот, во кои се вклучени ученици од седмо и осмо одделение од ОУ „Лазо Ангеловски“ и „Димитар Македонски“.

— реклама —

Специјално формираните училишни сообраќајни единици составени од ученици од овие две основни училишта ќе имаат посебна улога во однос на регулирањето на сообраќајот, под надзор на полициските службеници.

— реклама —

Акцијата ја спроведува Одделението за превенција при СВР – Скопје во соработка со Општина Аеродром и компанијата „Пнеуматик“.

Општина Аеродром ги поддржува овие акции за безбедност на сите учесници во сообраќајот, а во таа насока неодамна постави хоризонтална и вертикална сигнализација пред основните училишта „Блаже Конески“, „Браќа Миладиновци“ и „Александар Македонски“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања