Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Се зголемува бројот на заболени од КОВИД 19, Филипче вели се размислува за нови рестриктивни мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
filipce-1

Има зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во државава. Во овој момент се уште траат испитувањата во лабораторијата во МАНУ. Во текот на вчерашниот ден имав разговори со претставници на лабораторијата од клиниката „Жан Митрев“, каде британскиот сој е присутен во 70 проценти. Очигледно е дека се зголемува бројот на заболени, а еден дел од ова зголемување на бројките се должи и на присуство на тој сој на вирусот, кој полесно се пренесува, ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

— реклама —

-Во дел од болниците ширум државата конкретно Кавадарци, Прилеп и Охрид,зголемен е бројот на хоспитализации, но има доволен слободен болнички капацитет. Во Скопје слободни болнички кревети има и на Инфективната клиника, без модуларната болница, значајно ослободен болнички простор има и на Интерните клиники, коишто сега нормално функционираат.Во кој било момент подготвени сме сите овие капацитети да се вратат во оној претходен режим на работа кога сите лекари и сестри ротираа и сите интерни одделенија беа наменети за третман на пациенти заболени од ковид. Во секојдневна комуникација сум со директорите на сите тие Клиники, тие се свесни знаат и очекуваат - рече Филипче.

— реклама —

Периодов може да има измена на мерките, тоа ќе зависи од епидемиолошката состојба, вели министерот.

-Следиме дали овој тренд ќе продолжи вака до тој степен да биде ризик, повторно да се преоптеретат болничките капацитети, засега нема таква индиција, засега добро се менаџира, но не ја исклучувам таа можност- рече Фил

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања