Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Се знае ли колку пари потрошивме за папата? – се чека владиниот детален извештај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
papa-skopje-5

Се чека изготвување на деталниот извештај за финансиската конструкција за трошоците кои ги направи владата за посетата на папата Франциск. Од владата велат дека транспарентно ќе ја информира јавноста за износот кој владата го потроши за историската посета на поглаварот на римокатоличката црква на земјава.

Од Католичката црква пак велат дека тие биле задолжени за црковните церемении. Ни тие не откриваат колку пари потрошиле.  Според нив духовните придобивки не се мерат со ништо материјално.

— реклама —

Папата ручаше во ресторан телешки мускул, пилешко со ориз и трилече.

Засега конкретна бројка  има само од ЈСП. Според нив за денот кога граѓаните се возеа бесплатно, претпријатието го чини 120 илјади евра. Не се откриваат бројки ни од властите во Скопје. Тие не откриваат  колку пари чинеше средувањето на градот.

— реклама —

Но, не е се само трошок. Скопје вчера беше преполн со туристи, кои специјално дојдоја во главниот град за да присуствуваат на мисата од папата. Туристите кои беа најбројни од Хрватска придонесоа за економијата, со ноќевање, такси превоз, ресторани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања