Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Сеад Кочан треба веднаш да се јави во затворот во „Идризово“за да ја одлежи казната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sead-kocan

Осудениот Сеад Кочан треба веднаш да се јави во затворот во „Идризово“ за да ја одлежи казната затвор која судот ја досуди за предметот „Труст“ на СЈО.

— реклама —

Судија за извршување санкции му испратил упатен акт на бизнисменот.

— реклама —

Кочан е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна. Второобвинетиот, Василие Авировиќ, исто така беше осуден на затвор од три години, но Апелацискиот суд му ја преиначи казната и му одреди условна односно две години затвор кои нема да се извршат ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Третиот кој беше обвинет во предметот, Сафет Ватиќ, доби ослободителна пресуда.

— реклама —

Во обвинението на СЈО се најдоа и три фирми, „Трансмет“, „Силекс неметали – Кратово“ и „Вато“, од кои третата беше ослободена. За другите судот одреди и конфискација на имот од околу 17 милиони евра.

— реклама —

„Труст“ се однесуваше на добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања