Ексминистерката за правда и професорка по право, Рената Дескоска, по лошиот извештај од Европската комисија, порача: „Седи кец“. Според неа, изветашјот е сведителство, а успехот на Македонија е паднат испит. Смета дека ваквата лоша оценка треба да е аларм за Министерството за правда, со кое сега раководи министерот Кренар Лога.
„Седи, кец. Извештајот на ЕУ за напредокот на секоја земја кандидат за членство е „сведителство“ со оценки за институциите. Делот на извештајот за судство во најголем дел е оценка за работата на Министерството за правда и Судскиот совет во изминатата година. А таа оценка, никој немаме дилеми дека е објективна. Таа најреално зборува за нашите успеси и неуспеси, а не како ние се гледаме во огледало или како нашите претходници, следбеници или политички конкуренти не гледаат или оценуваат нас. Јас искрено посакувам секој нареден извештај да е подобар од претходниот, или барем да покажува дека има одреден напредок, дека нема застој во реформите, дека одиме напред. За жал, тоа не е случај во делот на судството“, посочува Дескоска.
Таа направи и споредба на извештаите.
„Ако ги споредиме извештаите од 2019 година до денес можеме да ги прочитаме следните оценки за реформите во судството: 2019 година – добар напредок, 2020 година – добар напредок, 2021 година – одреден напредок, 2022 година – одреден напредок, 2023 година – нема напредок. Ова треба да го вклучи алармот во Министерството за правда и Судскиот совет за преиспитување на својата улога во надминување на состојбите. И барањето на решенијата не треба да биде во стилот на “префрлање на топката на одговорност”. Таа веќе падна пред нив и направи толкав кратер во кој може да се излизга целата земја. Извештајот на ЕУ за (не)напредокот Ви ја покажа вистинската, грдата “слика на Доријан Греј”. Не вртете го погледот од неа, со тоа таа нема да исчезне. Наместо тоа, наместо префрлање на одговорност и негирање на реалноста, оставете ги суетите на страна, бидете свесни дека во оваа област “битката за ситни политички поени” собрани преку јавни препукувања и надмудрувања може да биде фатална (како што и веќе се покажува дека е) и соберете ги сите интелектуални капацитети за да се најде излез од оваа ситуација. Граѓаните го очекуваат тоа!“, додаде Дескоска.
(Видео) Шлаканица и од Гир за Македонија
Иако ЕК потенцира одредени области каде е постигнат напредок, тој е многу искрен за оние области каде не е постигнат напредок особено за оние области кои ние ги сметаме за толку важни и ги опишуваме како дел од основите во пристапните преговори, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир за Извештајот за напредокот на државата објавен од старана на Европската комисија.Укажа на областите каде Македонија нема постигнато напредок а тоа како што рече е пред се со владеењето на правото, борбата против корупција, реформите во јавната администрација и основните човекови права. Извештајот како што рече е искрен но правичен. [embed] „Сакаме да ги охрабриме властите како и сите политички актери да направат многу повеќе за да ги унапредат реформите. Сите сфаќаме дека проширувањето е во наш взаемен интерес.Северна Македонија продолжи да ги засилува своите напори за да ја зацврсти демократијата додека се соочува со значитекни предизвици во владеењето на правото. Во Извештајот се искажува загриженост за политичката поларизација што влијаеше врз работата на Собранието со што се одолжуваат потребните реформи. Процесот за пристапување кон ЕУ бара консензус меѓу политичките партии токму за клучните реформи. Извештајот забележува прекумерна и некогаш несоодветна употреба на забрзаните процедури. Повиуваме на тоа дека ЕУ знаменцето треба да се користи кога е директно поврзано со усвојување на закони чија главна цел е да се усогласт со ЕУ нормите а не да се скрати дебатата за важни прашања. Има злоупотреба на знаменцето во случајот на измените на кривичните закони и законите поврзани со патните коридори 8 и 10Д Бехтел и Енка Договорот“, потенцира Гир.Подвлече дека напредок не е постигнат и во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата.„Корупцијата останува присутна во многу области и останува прашање на загриженост. Имаме случаи на корупција на високо ниво кои што се зголемуваат. Тоа резултира и со застареност на случаите и тоа е нотирано како прашање на сериозна загриженост за тоа што измените на Кривичниот закон ги намалија максималните казни за некои случаи.Во јавната администрација има ограничен напредок“, рече тој.Додаде дека условите во затворите и натаму се лоши и не се следат препораките од Европскиот комитет за превенција од тортура.
Македонија | пред 2 години