Промени тема
Контакт

Седница на Извршниот одбор на СДСМ, се преземаат мерки за заштита на стандардот на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-funkcioneri

Синоќа се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ на којашто на дневен ред беше актуелната состојба во земјава, по воената агресива врз Украина. Се разговараше за мерките за заштита на стандардот на граѓаните и економијата, за спречување на ценоцен шок и справување со последиците од глобална енергетска криза.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, информираше дека Владата внимателно го следи состојбите дома и надвор и навреме презема соодветни мерки за да се зачува стандардот на граѓание и економијата.

Граѓаните треба да бидат спокојни, како членка на НАТО нашата безбедности и сигурност е гарантирана.

Земјата има задоволителна количина прехранбени производи, нафтени деривати во стоковите резерви. Со преземените мерки на Владата не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи.

— реклама —

Во моментот нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, институциите продолжуват со снабдување на државните резерви а се разгледуваат и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви.

— реклама —

Централната банка изминатиот период информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен а стабилна е состојбата и со девизните резерви.

Следејќи ја ситуацијата Владата предводена од СДСМ веќе подготвува нови пакети за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи.

— реклама —

Продолжува социјалниот дијалог, по покачувањето на миниминалната плата се работи на методологија за ново покачување на пензиите како и за дополнителна помош на пензионерите во услови на криза.

Согласно одлуката на членовите на Извршниот одбор, на оваа седница, Дарко Каевски е избран за портпарол на СДСМ, по изборот на Костадин Костадинов за градоначлник на Струмица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања