Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Седница на Советот за реформа во јавната администрација - целта ни е цел е обезбедување професионална и ефикасна служба на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
30072019_PVRSM_Zaev_SednicaSovetzaReforma

Советот за реформа во јавната администрација (РЈА) со која претседаваше премиерот Зоран Заев, вчера попладне во Владата на Република Северна Македонија, ја одржа шестата седница.

— реклама —

По усвојувањето на записникот од претходната, петта седница и дискусија по заклучоците од истата, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ги информираше членовите наСоветотзанапредокот во подготвувањето на Законот за измени и дополнувања на Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за измени и дополнувања на Законот за административни службеници и Предлог-законот за висока раководна служба.

— реклама —

Министерот Манчевски информираше и за статусот и следните чекори на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната управа, агенции и инспекциски служби од централна власт, како една од клучните реформи во јавната администрација.

Во продолжение на седницата, членовите на Советот имаа дискусија во однос на сите предложени измени и дополнувања на одделните закони, соподдршка за обезбедување на функционална и професионална администрација, како и функционално работење на институциите и органите на државната управа.

— реклама —

Воедно, во рамки на шестата седница, членовите на Советот дискутираа за процесот на подготовка на вториот полугодишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација, како и за зајакнување на системот за следење и имплементација на Стратегијата за РЈА 2018 – 2022 и Акцискиот План.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања