Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Седницата продолжува в петок кога е можно и да заврши расправата за уставните измени и да се гласа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sednica-1

Пратениците од ВМРО - ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ претходно соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.

— реклама —

Попладнево, во текот на собраниската расправа, пратениците од СДСМ кои беа пријавени за збор, го повторија ставот дека сега е време сите што декларативно се залагаат за НАТО и ЕУ да дадат конкретна поддршка на уставните измени.

„Единствен интерес треба да биде државата. Ако продолжиме да се докажуваме кој е поголем патриот, а кој предавник, исходот ќе биде пораз. Наша обврска е како пратеници да го изодиме патот на Македонија кон стабилност, безбедност и економски просперитет, а тоа е патот преку ЕУ и НАТО. Да бидеме лидери на промените чиј бенефит граѓаните ќе го почувствуваат за кратко време“, истакнаа пратениците од СДСМ.

— реклама —

Според нив, замајување на јавноста е дека со Преспанскиот договор се брише името на Македонија и дека придавката „северна“ задира во идентитетот.

— реклама —

„Соочени сме со носење на мноу важна, тешка, единствена, историска одлука за иднината на Македонија што ќе значи крај, затворање, решавање на долгогодишен апсурден спор со нашиот јужен сосед. Проблемот е реалност, а ние сме дожни како полчитичари да се соочиме со него. Време е да престанеме да фантазираме за победи и порази, за триумфи и катастрофи, време е да преземеме одлучен чекор за иднината на Македонија“, беше речено на попладневното продолжение на седницата.

Поддршка за уставните измени даде и Неџбедин Карамани од името на Движењето Беса на Африм Гаши.

— реклама —

Собранието утре, како што рече Џафери, ќе ја продолжи 60. седница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања