„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Седум лица со телесни повреди во сообраќајки во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Во текот на изминатиот ден во Скопје се случиле вкупно пет сообраќајни незгоди, во кои седум лица се здобиле со телесни повреди.

— реклама —

„Од преземените мерки и активности констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 29 возачи од кои: 11 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 11 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи - почетници.

Исто така исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани, а пет возила биле технички неисправни. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување на коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 92 мандатни платни налози и 72 возила се подигнати со специјално возило "пајак"“, информираат од МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања