Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Седум мигранти пронајдени во автомобил на велешанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kriumcharenje-migranti

На 14.08.2021 во 21.30 часот во близина на фабрика на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода К.С.(63) од Велес, кој управувал патничко возило „форд галакси“, со велешки регистарски ознаки.

При извршена контрола во возилото биле пронајдени седум мигранти од Куба. Лицата се приведени во полициска станица. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција против К.С. ќе биде поднесена кривична пријава, а лицата-мигранти ќе бидат сместени во Транзитниот центар Винојуг - Гевгелија за понатамошна постапка.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања