Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Седум пожари беснеат низ Македонија: ЦУК објави каде е најкритично

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library55nfst87n4biahPWJuQ

Центарот за управување со кризи информира дека денес, 29 август 2026 година, до 13:00 часот, во земјава се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор.

— реклама —

Од нив, седум пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два се целосно изгаснати.

— реклама —

Активни пожари се регистрирани на територијата на општините:

— реклама —
  • Студеничани и Зелениково – меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград во правец на Преслап, каде гори мешана шума.

  • Сарај – на потегот Копаница–Радуша, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација.

  • Јегуновце – кај село Копанце, каде гори мешана шума.

  • Чашка – над село Нежилово, на местото Сватови, каде гори ниска вегетација и единечни дрвја.

  • Градско – кај село Виничани, во близина на турските гробишта, каде се зафатени ниска вегетација и дрвја.

  • Куманово – кај Агино Село, каде гори ниска вегетација.

  • Прилеп – кај село Витолиште, на местото Рамна Нива, каде гори ниска вегетација.

Пожарот што е под контрола се наоѓа на подрачјето меѓу општините Гостивар и Македонски Брод, кај село Трново, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане. Зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

— реклама —

Во текот на денот се регистрирани и два изгаснати пожари – во село Црнилиште, Општина Долнени, каде горела ниска вегетација, и во село Бориево, Општина Босилово, каде пожарот избувнал на депонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања