Во текот на вчерашниот ден (12.03.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 26 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 32 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 27 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 26 возила бидејќи 23 биле нерегистрирани, две возила биле технички неисправни и едно возило било со претовар.
Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, девет поради неправилно престројување, двајца поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатите денови издадени се 115 мандатни платни налози и 87 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле седум сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а две лица поминале со телесни повреди.