Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Седум сообраќајни незгоди за 24 часа во Скопје - пет лица се здобиле со телесни повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
stop-policija

Во текот на изминатиот ден (11.04.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 36 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник. Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно возило поради претовар.

Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 11 поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач затоа што не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, четири возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

— реклама —

Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 133 мандатни платни налози и 84 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. Изминатиот ден се случиле седум сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со телесни повреди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања