Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Седуммина судии потпишаа свечени изјави на судовите со кои ќе раководат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Седумте судии што минатата недела беа избрани за претседатели на судови денеска потпишаа свечени изјави во Судскиот совет.

— реклама —

Тоа се судиите: Бесник Авдија, кој е претседател на Основниот граѓански суд Скопје, Татјана Петровска, која е претседател на Основниот суд Битола, Билјана Толова од Основниот суд Неготино, Флутурије Дервиши од Основниот суд Кичево, Орце Јанковски од Основниот суд Крива Паланка, Јасмина Шишковска-Стојковиќ од Основниот суд Прилеп и Ацо Тасев од Основниот суд Штип.

— реклама —

Некои од судиите, Јасмина Шишковска и Флутурије Дервиши и судијата Бесник Авдија, претходно ја извршуваа функцијата в.д. претседатели на конкретните судови.

— реклама —

По потпишувањето на свечените изјави, претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, им посака среќа и успех на новоизбраните претседатели на судовите порачувајќи дека мора да бидат одговорни во судовите во кои се избрани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања