Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Шеесетина македонски средношколци ги решаваа проблемите на ЕУ во улога на членови на Европскиот парламент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
MEP

dadasda

Текстот е генериран помош на вештачка интелигенција

— реклама —
Како криптовалутите влијаат на европскиот пазар, функционирањето на фармацевтскиот пазар, како да се реструктуира европската помош за земји во развој, инклузивност и нови модели на образование, се прашањата и темите на кои шеесетина средношколци од Македонија дебатираа и понудија конкретни решенија во улога на членови на Европскиот парламент.

— реклама —

Станува збор за симулација на работата на Европскиот парламент како дел од 12. национална сесија на „Модел европски парламент (МЕП) – Македонија“ која од 31 ноември до 2 декември се одржуваше во меѓународното училиште „Нова“. На оваа национална сесија учествуваа околу 60 средношколци од 11 средни училишта во земјава кои работеа во четири комитети со цел да напишат резолуција и да дадат свои мислења и решенија на некои од најактуелните теми во Европа во моментов.

— реклама —

Резолуциите на кои работеа средношколците беа разгледувани на Генералното собрание на МЕП што се одржа на 2 декември во Советот на Град Скопје. На овој настан присуствуваа и германскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Томас Герберих и директорот на меѓународното училиште „Нова“, Виктор Новаковски кои пред средношколците ја потенцираа важноста од организацијата на вакви настани во време кога дополнителната едукација за и нејзиното функционирање е неопходна.

МЕП претставува платформа за неформална едукација на ученици од средните училишта. Главната цел е преку симулација на работата на Европскиот парламент, учениците да се запознаат со легислативниот процес на Европската Унија, европската интеграција, функционирањето на институциите, законите што се носат и нивното влијание.

Програмата „Модел европски парламент“ постои од 2009 година, а во Македонија се спроведува под покровителство на меѓународното училиште „Нова“. Дополнително, секое училиште има интерен МЕП клуб, кој функционира во текот на целата учебна година, со цел да се промовира програмата и нејзиното влијание на училишно и општинско ниво.

- Програмата МЕП ќе продолжи да функционира во склоп на меѓународното училиште „Нова“, со цел да организираме што е можно повеќе вакви настани во кои младите ќе научат повеќе за начинот на кој Европската унија функционира.. Веруваме дека методот преку кој учесниците се здобиваат со знаење во текот на симулацијата е уникатен и претставува можност учениците да ги научат, вежбаат или подобрат своите ораторски способности, да го зајакнат критичкото размислување и да се запознаат со концептот на аргументирање и дебата – велат од „Нова“ .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања