Промени тема
Контакт

Сеф со злато, оружје, муниција и пари: четворица пријавени за 10 тешки кражби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
krazbi

Серија од десет тешки кражби и обиди за тешка кражба во повеќе населени места во Тетовско е расчистена, откако СВР Тетово поднесе кривични пријави против четири лица.

— реклама —

Пријавени се Е.В. (43) од село Никуштак, Х.А. (53) од Косово, А.А. (34) од село Отља и Е.А. (34) од село Никуштак, кои се сомничат за четири кривични дела „тешка кражба“ и шест „тешка кражба во обид“.

Според МВР, на 19 септември 2026 година во село Долно Палчиште, од куќа на А.А. бил одземен сеф со златен накит, оружје и муниција, чија вредност била проценета на околу 160.000 евра.

— реклама —

Во истиот реон, во периодот од 24 до 28 ноември 2025 година, од куќата на Б.И. биле одземени златен накит и пари во вредност од околу 70.000 евра.

— реклама —

Пријавените се сомничат и дека на 10 мај 2026 година, во спортска обложувалница во село Теарце, со употреба на сила отвориле сеф и одзеле пари. Во периодот од 23 до 26 мај, пак, од магацински простор на бензинска станица во село Пирок биле одземени повеќе пакувања цигари.

Покрај реализираните кражби, од април до септември годинава, пријавените во шест наврати влегувале во куќи и други објекти во Камењане, Долно Палчиште, Нераште, Теарце и Радиовце. Таму извршувале пребарување, но не одзеле предмети.

— реклама —

За случајот е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторените кривични дела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

МВР за шест часа казни 628 возачи за пребрзо возење низ цела Македонија

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryo9q0tri06gplfmWov7s

Викенд-акција на МВР: 20 лица уапсени, запленети марихуана и кокаин

Македонија | пред 11 час

media-librarylvack7o1p1soembBNEc

628 прекршоци за брзо возење за само шест часа

Македонија | пред 11 час

media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

5.628 лица уапсени во акцијата „Чистач“, запленети дрога и оружје

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања