Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Сега сите партии се согласни дека Собранието во овој состав има мандат за уставни измени, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
290722913_2544451892357333_1083916361428164284_n-1

За поздравување е промената на ставот на Христијан Мицкоски околу легитимноста на овој собраниски состав, за кој Мицкоски и ДПМНЕ велеа дека тој нема легитимитет и мандат за спроведување на уставни измени, вели СДСМ

— реклама —

„Со тоа, сега сите партии, вклучително и ДПМНЕ се согласни дека овој парламентарен состав има полн легитимитет и мандат да ги спроведе уставните измени за продолжување на европскиот пат.

— реклама —

Добро е што на лидерската средба се направи сериозен исчекор и се дојде до одредена точка, сега е потребно да продолжи дијалогот што е можно поскоро во делот како да се изведат уставните измени.

Го охрабруваме Мицкоски да остане на променетите ставови и да формира свои тимови што побрзо.

— реклама —

Доколку постои искрена волја нема потреба да се чека ниту да се тактизира, потребно е заедно да продолжиме да работиме на уставните измени, за остварување државните и националните интереси.

— реклама —

Државата, граѓаните немаат време за губење, затоа што колку побрзо се донесат уставните измени, толку пократок ќе биде рокот на преговори и толку побрзо Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања