„Сегеј Варошлија да ја повлече емисијата и да се извини инаку ќе заврши на суд“, велат од Хелсиншки комитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot_10-10

Познатиот македонски стилист Сергеј Варошлија повторно се дрзнал да коментира лица за нивниот изглед и притоа да ги омаловажува, навредува и сексулано да ги вознемирува.

— реклама —

Хелсиншкиот комитет за човекови права во јуни 2022 година, во име на девојка која побара правна помош, поднесе претставка до Комисија за спречување и заштита од дискриминација против стилистот Сергеј Варошлија за сторено сексуално вознемирување врз основа на пол и род во областа на јавно информирање и медиуми.

— реклама —

Постапувајќи по оваа претставка, КСЗД донесе мислење со кое се утврдува сексуално вознемирување во епизода на емисијата „Сергеј Реинвентед со Сергеј Варошлија”, преку сексуално објективизирање на изгледот на девојката.

— реклама —

Со тоа предизвикал повреда на нејзиното достоинство и создал заканувачка, непријателска и понижувачка средина.

Комисијата наведува дека Варошлија не се произнесол по наводите од претставката во законски предвидениот рок и донесе препорака тој да ја отстрани конкретната епизода со чијашто содржина предизвикал сексуално вознемирување кон подносителката на претставката.

Се препорачува Варошлија јавно да се извини во својата емисија во рок од 30 дена по приемот на мислењето и препораката и за тоа да ја извести КСЗД. Комисијата воедно му препорачува на Сергеј Варошлија во иднина да се воздржи од изнесување на содржини кои продуцираат вознемирување во јавниот, медиумски простор врз основа на пол и род или која било од дискриминаторските основи наведени во Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Доколку тој не постапи согласно препораката во законскиот рок, КСЗД ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка пред надлежен суд за прекршоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања