Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Секаде во светот граѓаните бараат помош во болниците, а кај нас лекарите бараат помош, вели Насуфи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
FB_IMG_1673028042939

Историја на Струшката болница или Струшката Болница - ИСТОРИЈА...!

Секаде во светот граѓаните бараат помош во болниците, додека кај нас лекарите бараат помош бидејќи не можат да се справат со условите во кои работат. (земајќи ја во предвид реакцијата на мојот пријател од време на студиите, и почитуван д-р Вулнет Бектеши пред некое време), вели Лулзим Насуфи - Претседател на АА – Огранок на Струга.

/fb_img_1673028040095" rel="attachment wp-att-208837">

„На прв поглед изгледа чудно но, кога ќе се сетиш на партијата која е на власт веќе 20 години и на општата општествена состојба кај нас, сфаќаш дека ни здравството (болниците) не може да се разликуваат од другите области, каде што има тотална деградација во функционирањето на системот.

Еве неколку кратки факти за деградацијата на здравството и нивното функционирање во Струга, особено СТРУШКАТА ОПШТА БОЛНИЦА:

• Зградата на Општата Болница во Струга е изградена кон крајот на 1960-тите - 1970-тите години на минатиот век, што значи има 60 - 63 години и како таква планирана е за потребите на 20.000,00 - 30.000,00 жители.

— реклама —

Поради зголемувањето на потребите и здравствените услуги, меѓу другото поради зголемувањето на бројот на стружани, објектот остана ист, или малку поинаков, како што се зголемија услугите и персоналот, така се зголемија и типичните смешни бараки околу болницата.

И малку историја, додека ДУИ повеќе од 20 години е на власт, за ова време имаше:

•Министер во Владата

•Пратеник од Струга во Собранието

•Директор на болници во повеќе мандати

•Извесен период министерот за здравство на власт на ДУИ,

— реклама —

•Заменик министер за здравство на власт на ДУИ

•Министер за локална самоуправа од Струга

•Директорот на Здравствениот завод од Струга, на ДУИ - и денес

•Двајца пратеници на ДУИ, од Струга, и уште неколку други

•Градоначалник на општина ДУИ со четири мандати

— реклама —

•Директор

/fb_img_1673028036226" rel="attachment wp-att-208838">

- БОЛНИЦАТА ОСТАНА ВО СОСТОЈБАТА КОЈА ЈА НАЈДОВМЕ КАКО ЈА ПАМТАМ ЈАС НО, ДЕНЕСКА УШТЕ ПОЛОША И ПО РУИНИРАНА...

Претсадателот на ДУИ, од Струга, пред 5-6 години вети дека ќе изградиме нова болница во Струга, а тоа резултираше со нашата позната изрека: НЕ УМРИ КОЊУ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА.

Дека болницата и здравството се деградирани како и сите други институции со кои раководи владејачката партија, говори и фактот што за 4 години се сменети 5 директори, што знаци со болницата раководи политиката, партијата, а не професионалноста.

Во меѓувреме во Општата Болница се примени повеќе од 20 лекари, особено за време на изборните кампањи, а иронијата да биде уште поголема денеска се жалиме дека нема лекари и услови на одделенијата, а од друга страна лекарите ни бегаат бидејќи самите лекари и раководниот кадар на Општата Болница се профилирани врз основа на интересите на политичките кланови надвор од болницата, и не врз основа на потребите на граѓаните и болничките одделенија.

— реклама —

Многу брзо ќе излезат резултатите од родените деца за 2022 година во Струга и Охрид, таму ќе ја видите разликата, како резултат на партизација и политизација во функција на гласови, дури и во болниците.

До докторот на Одделот за педијатрија, на мојот пријател, би му дал еден совет, побарај од директорот на Општата болница да ги испрати на специјализација лекарите по Општа медицина кои со години работат во болницата како општи лекари, а дотогаш да се склучат Договорите на дело за продолжување со работа, барем со лекарите кои ги исполнуваат условите за пензионирање но, покажуваат желба и интерес да работат, кога ни требаат.

#ПРОМЕНИ

#СЕРИОЗНОСТ

#ОСВЕСТУВАЊЕ, додава тој.

/fb_img_1673028038184" rel="attachment wp-att-208840">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања